Вучиќ: Може да ме убијат само, избори најбрзо следната пролет

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ по вечерашниот состанок на Срската напредна партија кажа дека се уште нема дефинитивна одлука за распишување вонредни парламентарни избори, но и дека раководството на партијата е се поблиску до таквата одлука.

-Не донесовме конечна одлука, но сме поблиску до распишување избори од претходно. Претедателството со еден воздржан глас, односно без мене, донесе одлука дека треба да се распишат избори, изјави тој и кажа дека тие нема да бидат на есен, но постои можност да се распишат за јуни или пролетта следната година.

Вучиќ посочи и дека добил едногласна поддршка од партијата да не влегува во разговори со лидерите на Сојузот за Србија, Драган Ѓилас, Вук Јеремиќ и Бошко Обрадовиќ.

-Насилство нема да дозволам, а нема да прифатам ниту едно нивно барање. Им останува само да ме убијат. Што е трето решение? Нема трета варијанта, рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Како во Чернобил: На Косово со заштитна опрема се бројат гласовите од Србија

„Данас“: Како случајот со Северна Македонија ќе влијае на проевропските сили во Србија

Вучиќ: Дали Србија ќе добие исти гаранции од ЕУ како и Северна Македонија за решавање на косовското прашање

Ана Ололовска

Данас: Русија е сигурна дека Вучиќ нема да ги исполни ветувањата кон Запад

Хакери од Албанија се заканија со напад врз ТАНЈУГ

Ана Ололовска

Медведев: Не запад или исток, туку прагматична соработка

Ана Ололовска