Вучиќ-Лавров: Од Русија пренесени оценки според кои Србија ја очекува тежок период во дијалогот

Од:

Добивме одредени оценки од Русија кои дополнително не загрижија, во врска со различните планови и идеи за решавање на косовското прашање и очигледно Србија ја чека исклучително тежок период со големи притисоци за да се остварат одредени планови кои ние ги немаме добиено, и според руските пријатели ќе мораме да бидеме исклучително внимателни за сите идеи кои ќе ни бидат преставени, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ по денешната средба во Белград со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Вучиќ на прес конференцијата оцени дека Русија ја поддржува Србија во ОН и територијалниот интегритет на Србија и на дневно ниво ќе разменува сознанија и ќе се консултира со Русија, бидејќи без нејзина согласност нема решение за косовското прашање во ОН.

-Русија отсекогаш во согласност со Генералното собрание на ОН го подржуваше дијалогот што го води ЕУ, како и Србија, Србија е подготвена да ги сослуша сите други, но Србија ќе знае да ги заштити своите витални интереси, без разлика на цената, кажа Вучиќ, најавувајќи ги средбите идната недела „со рускиот претседател Владимир Путин, со највисоки европски лидери, со посредникот на ЕУ Мирослав Лајчак и средбата во Вашингтон со косовската делегација.“

Рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров потврди дека регионалните прашања биле главна тема на разговорите и „избалансираноста на Србија“.

-Косовскиот проблем останува нерешен и Русија тргнува од тоа да ЕУ која го има мандатот на посредник во дијалогот од Генералното собрание на ОН, да не смее да се изолира од своите обврски и истите да ги исполнува каков што е договорот за Заедницата на српски општини (ЗСО), кој е саботиран од косовската страна. Рускиот став за Косово не се менува и денес потврдивме дека ние ќе ги подржиме било кои иницијативи кои ќе им помогнат на Белград и Приштина за постигнување на взаемно прифатливо решение врз основа на Резолуцијата 1244 на ОН, кое треба да се одобри од Советот за безбедност, кажа Лавров.

Тој потенцираше дека не смее да се форсира реализацијата на сето тоа и истото да има вештачки рокови, бидејќи Русија ќе се согласиме само со оние решенија кои ќе и одговараат на Србија.

За значењето на посетата на Лавров на Белград говори и нејзиниот тајминг, на два дена пред парламентарните, покраински и локални избори во Србија.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

(ВИДЕО) Нова драма во Русија: Евакуиран трговски центар по дојава за експлозивна направа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски