Вучиќ: Комплетна ревизија на податоците на бројот на починати од Ковид 19

Од:

Во Србија и понатаму не стивнуваат реакциите по изјавата на членот на владиниот кризен штаб, епидемиологот Предраг Кон, дека во периодот од март до јуни имало три пати повеќе починати од Ковид 19 отколку што официјално било соопштено.

Денес реагираше и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој изјави дека Србија ќе направи целосна ревизија на податоците за бројот на смртни случаи од ковид-19 и дека државата не крие ништо.

-Србија ќе направи целосна ревизија за секоја смрт, за секое лице, да видиме како тоа изгледа. И тоа ќе го сторат клиничарите, изјви Вучиќ и додаде дека не смета дека тука ќе има многу големи разлики.

Тој порача дека државата не криела ништо и дека ќе работи транспарентно и во иднина.

Говорејќи за несовпаѓањето на податоците за бројот на смртни случаи од коронавирусот, Вучиќ кажа: “Горд сум на сите лекари, никој од нас не излажа ниту еден збор. Се слушнав со луѓето од Батут, тие велат дека имаат помалку смртни случаи”.

И министерот за здравство, Златибор Лончар, се огласи повторно денес со оценка дека „не се точни“ информациите да има три пати повеќе починати од коронавирус.

-Стојам зад фактот дека ова не е засновано на никакви докази, тоа апсолутно не е точно, кажа Лончар.

Од друга страна, денес реагира и медицинските лица од здружението „Обединети против ковид“ кои оценија дека признавањето на д-р Предраг Кон, да тој носел одлуки засновани на неточни информации е доказ дека „кризниот штаб не ја водел земјата добро низ пандемијата“ и посочија дека епидемиолозите како што е д-р Кон, кои донесуваа одлуки засновани врз неточни информации, се опасноста по нацијата.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати