Вучиќ ќе се сретне со Новак Ѓоковиќ

Од:

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, утре ќе се сретне со најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ.

Средбата ќе се одржи во зградата на Генералниот секретаријат на Претседателот на Републиката на Андриќевиот венец.

Потврдата дојде од кабинетот на претседателот на Србија, а медиумите ќе можат да ги снимаат воведните говори на Вучиќ и Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ не настапи на Австралија опен, откако по речиси две недели административна борба, со одлука на австралиската Влада беше депортиран од Мелбурн.

По тој повод имаше неколку разговори со Вучиќ, кој се обидуваше да му помогне на најдобриот тенисер на светот во борбата за своите права, а не штедеше критики на сметка на австралиската влада и политичари.

Би можело да ве интересира

Вучиќ на СБ на ОН: Со изборната кампања на Курти во Северна Македонија, тој ја поткопува регионалната стабилност

Вучиќ за коспонзорството на резолуцијата за Сребреница: Тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Монте Карло

(ВИДЕО) Вучиќ: Вчера над Ваљево леташе балон или шпионски дрон, следниот пат ќе го собориме

Ѓоковиќ: Иванишевиќ ми е доживотен пријател, не знам кој ќе го замени