Вучиќ: Ќе разговарам со сите политички фактори кои сакаат да разговараат

Од:

Претседателот на Србија Александар Вучиќ вечерва изјави дека ќе разговара со сите политички фактори во Србија кои сакаат да разговараат, но дека од никого нема ништо да бара.

„Ќе имам нешто помалку обврски бидејќи повеќе не сум во СНС, но ќе продолжам да бидам посветен на напредокот на СНС и да се консултирам со Вучевиќ. Но, пред се и приоритетно ќе бидам посветен на напредокот на Србија и ќе разговарам со сите политички фактори, со оние што сакаат да разговараат“, рече Вучиќ во емисијата Ḫit твит на Пинк.

Тој рече дека негова работа е да биде претседател на сите граѓани, што бил и досега и дека се надева дека успеал во тоа.

– Ќе се обидам да бидам некој што ќе мери правично за сите политички актери, но СНС е во моето срце, јас сум нејзин член и ќе ја поддржувам СНС – рече Вучиќ.

Тој посочи дека таа партија донесе огромни и револуционерни промени, напредок во сите сфери на општественото живеење, во речиси невозможни услови.

Би можело да ве интересира

Вучиќ на Си-Ен-Ен: Ги цениме извештаите од САД, но проблем е што не се целосно точни

(ВИДЕО) Направија се за да ја уништат Србија, но ќе победиме, изјави Вучиќ

Горан Наумовски

Вучиќ: Војската нема да влезе во Косово, Србија сака да стане членка на ЕУ

Вучиќ до опозицијата: Имате 79 дена да се подготвите за избори

Вучиќ: „Еди Рама молчеше кога терористи убија осум полицајци во Куманово, а еден од терористите има и споменик

Предраг Петровиќ

Вучиќ: КФОР да се грижи за сите безбедносни прашања на северот на Косово