Вучиќ: КФОР да се грижи за сите безбедносни прашања на северот на Косово

Од:

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, денеска се сретна со амбасадорите на Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Франција, Италија и Германија, како и со шефот на Делегацијата на Европската унија во Србија.

– Во еден од најтешките моменти за Србија имав важен разговор со претставници на Квинтата. Го повторив ставот на Србија за последните настани на Косово и побарав КФОР да се грижи за сите безбедносни прашања на северот на Косово наместо полицијата на Курти. Исто така, го поставив прашањето зошто косовската полиција го одби ЕУЛЕКС да присуствува на самата операција што беше спроведена на територијата на северот на Косово – напиша претседателот Вучиќ на својот официјален Инстаграм профил.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Бугарите негодуваат, затоа што сме попопуларни од нив во Македонија

Горан Наумовски

Вучиќ: Во следните четири години ќе се одреди судбината на Србија, изборите не се игра

Горан Наумовски

Вучиќ: Од Косово за една година си заминале 13 отсто од Србите

(ВИДЕО): Ковачевски и Вучиќ пееја „Дајте вина хочу лом“

Горан Наумовски

Вучиќ по оставката на директорот на БИА: Вулин секогаш ја претпочитал Русија пред другите земји

Шолц: Вучиќ и Курти ќе го спроведат договореното

Горан Наумовски