Вучиќ: Истокот и Западот војуваат преку Србија

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во интервју за Ројтерс изјави дека Србија е сцена за прокси војна меѓу Истокот и Западот.

Во интервјуто за овој британски медиум, кое се случи еден ден откако противниците на Еуропрајд маршираа на улиците, шефот на српската држава рече дека Белград се обидува да одржи деликатна рамнотежа меѓу неговата амбиција за влез во Европската унија и врските со Русија и Кина.

„Не можам да кажам дека протестот беше посреднички напад, бидејќи таму имаше многу обични луѓе, но дали има посреднички конфликт во Србија – има, без сомнение. „Тука има индиректен конфликт меѓу Истокот и Западот“, рече тој.

Ројтерс потсетува дека Србија е кандидат за влез во Европската унија и дека ЕУ е нејзин единствен најголем трговски партнер и инвеститор. Авторот на текстот забележува и дека Србија одржува врски со НАТО и купува оружје од земјите членки, но и дека речиси целосно живее од руски гас и дека во минатото купувала оружје и од Русија. Ројтерс потсетува и дека Србија во Обединетите нации ја осуди руската инвазија на Украина, но дека одби да се приклучи на санкциите против Москва.

„Се обидуваме да преживееме со што е можно помалку рани и лузни“, рече Вучиќ, кого Ројтерс го опишува како поранешен националист кој ја прифатил проевропската политика.

Зборувајќи за ситуацијата на Косово, Вучиќ рече дека не верува оти властите во Приштина сакаат „сериозен разговор или сериозен дијалог“, но веруваат дека можат да ги наметнат своите планови со поддршка на Западот.

„Верувам дека оние земји кои ја штитат таканаречената независност на Косово ќе го убедат режимот во Приштина да не си игра (со) конфликтот во регионот, кој секако е полн со проблеми“, изјави тој и додаде дека во наредните недели ќе има дополнителни разговори  на претставниците на ЕУ и САД со цел да се реши проблемот со автомобилските таблички.

Би можело да ве интересира

Вучиќ за коспонзорството на резолуцијата за Сребреница: Тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат