Вучиќ и Рама на Отворен Балкан: Не чека тешка зима, но затоа потпишавме повеќе договори заедно да ја пребродиме

Од:

Не чека тешка зима, но затоа потпишавме повеќе договори, кои ни овозможуваат заедно да ја пребродиме и заедно да истапиме пред Европската Унија за помош, беше една од пораките на лидерите на Србија, Македонија и на Албанија, Александар Вучиќ, Димитар Ковачевски и Еди Рама, на прес-конференцијата по одржување на лидерската средба и потпишувањето на новите договори меѓу трите земји во рамки на иницијативата Отворен Балкан, денеска во Белград, јави дописникот на МИА од Белград.

– Нас не чека тешка зима, ако зборувам поинаку не би било фер и не би ја зборувал вистината. Ќе се обидеме како Западен Балкан да побараме делумно помош за купување енергија преку Европската унија, ако тоа ни успее, многу ќе ни помогне. Ако со Македонија имаме заедничка гасна конекција би си помагале едни со други. Но, тие немаат гас, а ние немаме капацитети. Која и одлука да ја донесеме за забрана на извоз на жито или други производи, никогаш нема да имаме просперитет. Затоа ни треба соработка, заедно да се носиме со последиците од кризата, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој даде податок и дека во однос на минатат година во истиот период, помеѓу Северна Македонија и Србија се зголемил бројот на камиони за 1033, и денес имаме нешто повеќе од 8000 камиони меѓу двете земји што сообраќаат и додаде дека е зголемена трговската размена со сите земји од 12,5 отсто на 29 отсто во зависност на која земја се смета и ова говори за големиот интерес на иницијативата ОБ.

Албанскиот премиер Еди Рама оцени дека вчера бил најдобриот ден, најголемиот ден за Отворен Балкан, но предупреди дека тоа „можеше да биде и типично лош ден за Балканот во целина“.

– Место да им отвориме врата на луѓето кои вредно работат, кои работат со душа, на производителите на храна, од целиот свет, место тоа можеше да отвориме врата на вестите за некои судири или воени конфликти. Затоа, ајде да гледаме пред себе, да ги зближуваме луѓето, подобро да се разбираат и да се ставиме во кожата на другите. На тие работи им е потребно решение. Без да заборавиме дека има многу работи околу кои може да соработуваме, рече Рама.

Тој потсети дека Вучиќ рече оти оваа зима ќе биде најтешка на овие простори, но дека „ ние сме поштедени од овие тешки последици“. Сепак, вели Рама, во Косово постојат и рестрикции на електрична енергија.

– Во меѓувреме, Германија и Франција ги претставија програмите за рестрикции. Тоа се планови кои опфаќаат рестрикции на електрична енергија, по 22 часот навечер, гасење на излозите, уличното осветлување, како и за време на пандемијата, само да се заштеди електрична енергија. Разговаравме колку тоа ќе не чини, а да не го ставиме на грб на нашите граѓани. Затоа потпишавме спогодба денеска, која ќе треба да се спроведе. Да не ги чепкаме цените на струјата за домаќинствата и за малите потрошувачи. Ќе ја задржиме истата цена, на ниво од по војната, откако настана кризата. За тоа ќе бидат потребни стотици милиони евра, за да се покрие тоа. Прашање е колку време ќе трае оваа криза, можеби имате пари, но немате од каде да ја купите струјата. Затоа ни е потребна оваа соработка. Праќам повик до ЕУ, да не го повтори срамното однесување кон Западен Балкан, како во време на ковид-кризата, кои беа приморани да се свртат кон Кина, Русија, за лекови, медицински персонал, затоа што ЕУ беше затворена само за зебе и гледаше само за себе, рече Рама.

За среќа, вели Рама, сите лидери на ЕУ увидоа дека ова беше срамно однесување, па истакнаа дека ни е потребна политичка унија.

– ЕУ се состане и одлучи дополнително да ги поддржи овие земји. Земјите на ЕУ имаат сопствени буџети и заеднички буџет, а ние се потпираме само на нашите скромни буџети. Ние тројца ќе одиме во ЕУ да побараме иста работа за нас и дополнителна финансиска помош, а ќе бидам среќен ако дотогаш ни се придружат уште три земји. За Албанија се потребни најмалку половина милијарда евра за одржување и снабдување со електрична енергија, а да не ги оптовариме граѓаните. Сакаме да воведиме заедничка инвестициона агенција, која се вика Агенција за странски вложувања Отворен Балкан, која би имала филијали во сите земји, но под ист покрив – најави Рама.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Притисокот врз малите земји е се поголем и позабележителен, ќе ја продолжиме борбата

Вучиќ: Утврдено е дека Србија не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница

Османи: На седница на Владата ќе предложам излегување од иницијативата Отворен Балкан

Вучиќ: Српскиот народ никогаш нема да се согласи на притисоци и бесмислени обвинувања

Србија добива најнови „рафали“, но и Луј Витон и летачко такси доаѓаат во Белград

Предраг Петровиќ

Вучиќ: Убијците на Данка мислеа дека ќе останат неказнети, овој чин заслужува смртна казна

Горан Наумовски