Вучиќ и Радев утре ќе го означат почетокот на поврзувањето со гасоводот Србија – Бугарија

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утре ќе присуствува на церемонијата по повод почетокот на работите на изградбата на гасниот интерконектор Бугарија-Србија, соопшти денеска Кабинетот.

Во соопштението се наведува дека по тој повод Вучиќ ќе разговара со претседателот на Бугарија, Румен Радев.

Меѓусистемската гасна врска „Бугарија-Србија“ (ИБС) во Србија ќе биде долга 109 километри, а вкупната должина на двонасочниот гасовод низ двете земји е 170 километри, од Нови Искар кај Софија до Ниш

Гасоводот има капацитет од 1,8 милијарди кубни метри гас годишно и е проект од заеднички интерес за Европската Унија.

Вкупната вредност на гасниот интерконектор Ниш – Димитровград – Бугарија, според проценката на Европската инвестициска банка, е 85,5 милиони евра, од кои ЕИБ дава 25 милиони евра во форма на заем, 49,6 милиони се неповратни ЕУ кофинансирање од ИПА фондовите, а остатокот ќе бидат трошоци што ќе се покриваат од буџетот на Србија и сопствени средства на ЈП „Србијагас“.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да потпишам ништо утре во Охрид

Горан Наумовски

Се огласи Вучиќ по веста за налогот за апсење на Путин: Морав да седам на клупата за да размислам

Вучиќ: Се надевам на пристоен разговор во Охрид

Вучиќ: Не можам да се заколнам дека нема во иднина нема да воведе санкции против Русија

Горан Наумовски

Вучиќ и Курти го потврдија учеството на средбата во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина на 18 март во Охрид

Вучиќ: Не сме продале никакво оружје и муниција на Русија или Украина