Вучиќ и Меркел телефонски разговараа за билатералните односи и ситуацијата во регионот

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес во телефонски разговор со германаската канцеларка Ангела Меркел се заблагодарил за континуираната поддршка на Германија за евроинтеграциите на Србија, особено со оглед на германското претседателство со ЕУ во втората половина на следната година, се наведува во соопштението од Кабинетот на српскиот претседтел.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Вучиќ изразил потреба од јасен план за проширувањето на ЕУ и временска рамка за членството, бидејќи процесот на евроинтеграциите на Западен Балкан се важни за мирот и стабилноста во регионот. Тој истакнал дека Србија, со иста цел – за регионална стабилност, ќе продолжи да промовира политика на мир и соработката.

-Претседателот Вучиќ и ги пренесе на германската канцеларка импресиите од неодамнешната средба во Париз и можностите за продолжување на дијалогот меѓу Белград – Приштина и во врска со тоа, истакна дека би било важно за Германија и Европа да останат при ставот дека е неопходно приштинските власти да ги укинат таксите на стоки од Србија со цел да се продолжи дијалогот.

Би можело да ве интересира

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Најмалку пет лица загинаа во автобуска несреќа кај Лајпциг

Горан Наумовски

Во Германија: Момче до смрт ги избодел родителите и братот, тешко си ја ранил сестрата

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши