Вучиќ и Курти го потврдија учеството на средбата во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина на 18 март во Охрид

Од:

Шефот на европската дипломатија, Јосеп Борељ, на 18 март во Охрид, Северна Македонија свика средба на високо ниво во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина, соопшти Дипломатската служба на Европската унија.

Како што се наведува во соопштението, учеството го потврдиле претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Аљбин Курти.

Борељ и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак најпрво ќе имаат одвоени средби со Вучиќ и Курти, по што ќе следи заедничка трилатерална средба.

Како што пишува во соопштението, на средбата ќе стане збор за финализирање на Анексот за имплементација на Договорот на ЕУ за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Сите знаат дека Курти е виновен, но ние немаме врска со тоа, тој сака Србија и НАТО да влезат во конфликт

Вучиќ: Ја повикувам меѓународната заедница да биде одлучна кон оние кои ја ескалираат ситуацијата на Косово

Гаши: Курти се однесува арогантно

Вучиќ: Ќе разговарам со сите политички фактори кои сакаат да разговараат

(ВИДЕО) Вучиќ: Нема да ја напуштам партијата додека сум жив

Вучиќ го предложи Милош Вучевиќ за негов партиски наследник: Ни претстојат големи победи, не ве оставам

Горан Наумовски