Вучиќ и Ескобар разговараа за можностите за продолжување на дијалогот на Белград и Приштина

Од:

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, денеска во Белград се сретна со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, со кого разговараше за актуелните случувања во рамките на процесот на нормализирање на односите со Приштина, можностите за продолжување на дијалогот и изнаоѓање на одржливи решенија, јави дописникот на МИА од Белград.

-Вучиќ уште еднаш ја истакна целосната посветеност на Србија за продолжување на процесот на дијалог и решавање на отворените прашања меѓу Белград и Приштина, со акцент на целосното спроведување на досегашните договори потпишани во Брисел и почитувањето на меѓународното право, се наведува во соопштението од прес службата на српскиот претседател.

Во него се додава дека американскиот специјален пратеник Габриел Ескобар „изразил очекување дека дијалогот меѓу Белград и Приштина за сите отворени прашања и сеопфатната нормализација на односите ќе продолжи динамично и конструктивно, што е значајно и за граѓаните и за севкупниот мир, стабилност и напредок на регионот, со брз крај на преговорите“.

Претходно Габриел Ескобар ја посети Приштина каде имаше разговори со косовските власти, а синоќа изјави дека од своите колеги од Европа слушнал дека постигнувањето конечен договор меѓу Косово и Србија е прашање на недели.

-Слушнав дека моите европски колеги велат дека тоа е прашање на недели, а не на години. На преговарачките страни и на посредникот им останува да постават рокови, но тоа треба да биде брзо. Со оглед на контекстот во кој се случува ова, сите мора да преземе одговорност за создавање стабилност, не само во Европа, туку и во регионот, рече Ескобар, а пренесе Канал 10.

Американскиот пратеник кажа и дека вчера во Приштина разговарал со претседателката на Косово Вјоса Османи за моделите за формирање на Заедницата на српски општини, дека најважно е ЗСО да се прилагоди на Уставот и законите на Косово и дека во Европа има многу модели кои би можеле да послужат како пример.

Тој рече и дека побарал од косовската претседателка Вјоса Османи и од косовскиот премиер Албин Курти да ја одложат одлуката за замена на регистарските таблички за десет месеци.

-Секој мора да преземе одговорност за регионалната стабилност, порача специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан.

Пред посетата на Ескобар на Приштина, Косовскиот преносен систем оператор (КОСТТ) и снабдувачот со електрична енергија на косовските Срби Електросевер потпишаа технички договор.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Утврдено е дека Србија не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница

Вучиќ: Српскиот народ никогаш нема да се согласи на притисоци и бесмислени обвинувања

Србија добива најнови „рафали“, но и Луј Витон и летачко такси доаѓаат во Белград

Предраг Петровиќ

Вучиќ: Убијците на Данка мислеа дека ќе останат неказнети, овој чин заслужува смртна казна

Горан Наумовски

Вучиќ: На Србија и претстојат тешки денови

Горан Наумовски

Го погребаа Вучиќ, некролог излепен низ Белград – пореметени луѓе мислат ова е политика, остра Брнабиќ

Анита Петровска Рајковиќ