Вучиќ и Чавушоглу во Белград изразија задоволство од билатералните односи

Од:

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ денеска во Белград се сретна со министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, со кого разговараше за подобрување и понатамошно зајакнување на билатералната и економската соработка, како и за регионални и меѓународни прашања од важност за двете земји, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ на средбата изразил задоволство од постигнатото ниво на билатерални односи и доаѓањето на голем број турски инвеститори во Србија, како и важноста на Заедничкиот комитет за економска соработка, кој ги зајакнал врските меѓу двете земји, соопшти прес службата на срспкиот претседател.

– Инвестициите на турските компании во Србија во последните две години се интензивираат со перспектива за понатамошен раст и во таа смисла го поздравувам зголемениот интерес на Турција за инвестирање во српската економија, како и реализација на серија инвестиции во неразвиени делови на Србија, изјави Вучиќ, додавајќи дека се надева на продолжување на овој позитивен тренд, особено во однос на инфраструктурата.

Министерот Чавушоглу ги пренесе поздравите на претседателот Реџеп Таип Ердоган и го покани претседателот Вучиќ да ја посети Турција, со цел да се одржи нова седница на Високиот совет за соработка.

Соговорниците се согласија дека има голем простор во односите меѓу двете земји за подобрување на соработката во областите на енергетиката, туризмот, културата и образованието, се додава во соопштението.

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска ја започна дводневната посета на Србија, за време на која ќе разговара со високи српски претставници и ќе присуствува на свеченото отворање на турскиот генерален конзулат во Нови Пазар.

Би можело да ве интересира

Вучиќ на СБ на ОН: Со изборната кампања на Курти во Северна Македонија, тој ја поткопува регионалната стабилност

Земјотрес во Србија

Вучиќ за коспонзорството на резолуцијата за Сребреница: Тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари