Вучиќ: Државата се повлекува од сите медиуми

Од:

Премиерот на Србија Александар Вучиќ најави дека државата ќе се повлече од сите медиуми, пренесува Танјуг.

– Тоа е мојот концепт. Јас сега гледам притисок, сите посакуваат државата да остане во медиумите, бидејќи не се способни сами да излезат на пазарот. Но, не ме итнересира, сите ќе одат во приватен сектор – изјави Вучиќ.

Како што пренесуваат српските медиуми, во текот на летото ќе се донесат три медиумски закони, а на прашањето дали државата комплетно ќе се повлече од медиумите, тој одговори „апсолутно“.

Според Вичиќ, актуелната власт преставува „единствена власт која во јавниот сервис РТС не променила ниту еден новинар, ниту пак уредник“.

– Најчесна власт во најчесен однос. Во кампањата, Драган Џилас беше осум пати гост на РТС, а јас бев два пати и немам проблем со тоа. Јас ги замолувам да продолжат со своето критично расположение, бидејќи тоа влијае во подобрувањето на нашата работа – порачува Вичиќ.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ