Вучиќ-Додик: Не ја прифаќаме примената на Бонските овластувања ниту санкциите кон лидерите на Република Српска

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на денешната средба со членот на Претседателството на Босна и Херцеговина (БиХ) Милорад Додик порача дека Србија нема и не може да ја прифати примената на Бонските овластувањата, ниту воведувањето санкции против раководството на Република Српска, се наведува на Инстаграм профилот на српскиот претседател, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ додаде дека ќе работи на натамошна помош за народот на ентитетот Република Српска (РС), истовремено почитувајќи го интегритетот на РС во рамките на БиХ.

На 11 април Велика Британија соопшти дека воведува санкции за Милорад Додик и претседателката на РС Жељка Цвијановиќ поради „обиди за нарушување на легитимитетот и функционалноста на државата БиХ“.

Санкциите вклучуваат забрана за патување и замрзнување на имотот и се први во рамките на режимот на британските санкции за БиХ, соопшти британската влада.

Како што се наведува на Инстаграм профилот на српскиот претседател, Додик на средбата со Вучиќ кажал дека тој и Република Српска се под голем притисок во однос на внатрешно-политичката ситуација во БиХ.

-Врските меѓу Република Србија и Република Српска никогаш не биле посилни и никој никогаш нема да може да ги наруши. Разговаравме за сите важни прашања, ја разбравме тежината на позицијата на српскиот народ денес и се согласивме за поддршката на Србија за Република Српска, како економска, така и во сите други области, се наведува во објавата на Вучиќ, во која се додава дека „мирот и стабилноста во регионот се суштински интерес на Србија и Српска“.

Вучиќ вчера во Белград се сретна со високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит по што изјави дека не се согласува со одлуката на Шмит да го суспендира Законот за недвижен имот на Република Српска користејќи ги Бонските овластувања.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Вучиќ на СБ на ОН: Со изборната кампања на Курти во Северна Македонија, тој ја поткопува регионалната стабилност

Земјотрес во Србија

Вучиќ за коспонзорството на резолуцијата за Сребреница: Тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ