Вучиќ до Обама: Србија ја поддржува борбата против Исламска држава

Од:

Српскиот премиер Александар Вучиќ упати денеска писмо до претседателот на САД Барак Обама, во кое се истакнува дека Владата на Србија ја поддржува борбата против Исламска држава, и оти е подготвена да ја помогне борбата со скромните средства со кои располага, јави Танјуг.

Писмото до Обама, премиерот Вучиќ му го врачи на амбасадорот на САД во Србија Мајкл Кирби.

Премиерот со американскиот амбасадор, како што е соопштено, разговарал за ситуацијата и односите во регионот, економските реформи и договорот за отворено небо, што, како што е истакнато, би овозможило летови на српски авиокомпании за САД.

Тема на разговорите била и опасноста од ширење на еболата и подготвеноста на Србија да се приклучи кон борбата за нејзино сузбивање, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати