Вучиќ до Харадинај: Оди и лечи се

Од:

Претседателот на Србија Александар Вучиќ по состанокот со премиерите на Романија, Бугарија и Грција во Букурешт, ја коментираше изјавата на косовскиот премиер Рамуш Харадинај, дека Србите во Косово се поттикнуваат да ги напуштат приштинските институции.

-Харадинај кажува дека предизвикувам криза, бидејќи ги повикувам Србите да ги напуштат институциите на Косово, како што веќе предизвикав криза со предлогот за разграничување. Да ви кажам искрено, најлесниот одговор би ми бил, ако се смеам да кажам, но не можам – оди и лечи се. А бидејќи јас сум чесен човек, па тоа не можам да го кажам, тогаш ќе кажам дека човекот секој ден повторува невистини, но претпоставувам дека во својот очај што се уште ме нема сменето, а ми вети дека тоа ќе го направи на 18 декември. Нешто изгледа се смени, па нешто не му успева. Никогаш не сум побарал од Србите нешто да напуштат, напротив, ги молев да ни дадат уште еден месец за да ги сослушаме нивните идеи за напуштање на некоја институција или не, рече Вучиќ.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, изјави дека претседателот Вучиќ не успеал да го дестабилизира Балканот со предлогот за размена на територии и дека сега се обидува да предизвика нестабилност, барајќи косовските Срби да ги напуштат позициите на кои се избрани. Харадинај напиша на Твитер дека Европската унија мора да реагира на такво „опасно однесување”.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Утврдено е дека Србија не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Вучиќ: Српскиот народ никогаш нема да се согласи на притисоци и бесмислени обвинувања