Вучиќ-Брнабиќ: Не ги затвораме градовите, одиме на масовно тестирање и масовна изолација во привремените болници

Од:

Србија нема да носи потешки мерки, да затвора градови, туку од утре почнува со масовно тестирање, масовна изолација на полесните случаи во „привремените болници“ и заострување на казнената политика за непочитување на мерките во борбата против коронавирусот, порачаа на денешната прес конференција српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, претседателот Вучиќ најави дека нема да носи тешки мерки и да затвора градови, поради потреба од полицијата и војската за масовното тестирање и чувањето на објектите и граѓаните.

-Во наредните две до три недели Србија нема да биде во завидна состојба, поради зголемување на бројката на тестирања со што ќе се зголеми и бројот на заболени…со што за 3-4 дена ќе имаме и до 500 лица дневно во болниците, изјави Вучиќ, кој додаде дека болниците во Србија се преполни со заболени.

– Денеска е најтешкиот ден во Европа со 969 починати за еден ден во Италија, а Србија се приближува до периодот на 3 до 5 лица починати дневно, кажа Вучиќ, поради што во Србија мора да се градат нови болници, а се подготвуваат и „привремени болници“ на Белградскиот саем, салата Пионир во Белград, спортскиот центар Чаир во Ниш, Новосадскиот саем, Спенс и други места.

Тој најави дека Србија ќе добие 15 милиони заштитни маски за три дена и поголем број на мобилни респиратори, чија набавка денес е исклучително тешка, како и дека војската покрај останатите објекти, ќе ги чува и герантолошките центри, за да нема смртни случаи како во Италија и Шпанија.

Премерката Ана Брнабиќ даде и статистички бројки, според кои, во споредба со Италија, во Србија се забележани 25,2 проценти на заразени лица постари од 65 година, како и дека просечната старост на заболените изнесува 66 години.

-Офанзивата на Србија во борбата против коронавирусот се состои во три мерки, од кои првата, наместо бројката од 300-400 дневно тестирани лица, таа се зголемува од утре на 2500 па се до 4000 тестирани дневно во наредните денови, кажа Брнабиќ.

Како втора мерка, Брнабиќ го најави отварањето утре во 8 часот на привремената болница во Белградскиот саем на првите полесни случаи на заболени, каде ќе бидат подложени на „брзо лечење.“

Третатат мерка е зголемување на интензитетот на острата казнена политика во однос на кршење на мерките како што се изолација, самоизолација и непочитување на полицијскиот час.

На прес конференцијата беше кажано дека во недела ќе биде презентирана програмата на економските мерки за справување со последиците од кризата.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Го погребаа Вучиќ, некролог излепен низ Белград – пореметени луѓе мислат ова е политика, остра Брнабиќ

Анита Петровска Рајковиќ

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва