Вучевиќ: Ситуацијата на Косово и понатаму е тензична

Од:

Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ денеска изјави дека ситуацијата на Косово „се уште е многу тензична бидејќи има многу отворени прашања“.
Во изјава за локален медиум тој нагласи дека се надева дека „одговорите ќе се бараат во форма на дијалог“.

„Србите се загрижени бидејќи не се знае кој е следниот чекор на Курти, човек кој покажа дека не носи многу рационални одлуки и дека не е човек на договори“, изјави министерот за ТВ Пинк.

Вучевиќ рече дека Србија „секогаш избира секогаш кога има макар и милиметар простор, решението да се бара со дијалог, што не значи дека ќе проголта се, напротив, туку сакаме да спречиме војни и конфликти“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати