Вучевиќ: Во Косово е тензично и доволно е кибритче да се запали, за се да оди во непосакувана насока

Од:

Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ изјави дека утринава немало инциденти на северот на Косово, но дека „атмосферата е тензична и доволно е кибритче за се да оди во непосакувана насока“.

Вучевиќ за ТВ Прва изјави дека „Приштина во текот на мандатот на Курти прави низа еднострани потези кои имаат за цел да не ги почитуваат сите договори кои на некој начин биле постигнати“.

Тоа е јасна порака до Србите дека таму не се добредојдени“, рече Вучевиќ.

Во врска со информациите од косовските медиуми дека се слушнале експлозии при вчерашниот обид на членовите на општинските изборни комисии да влезат во општинските згради на северот на Косово поради организирање на предвремени локални избори бојкотирани од Српска листа, Вучевиќ рече дека тоа е „глупост“.

Тој оцени дека врз Србите на северот на Косово се врши „многу организиран терор“ од администрацијата на Албин Курти и дека целта на акциите што ги спроведуваат е „да ги вознемират, исплашат и протеруваат Србите“.

Би можело да ве интересира

Пукотница во Приштина: Убиен е маж, жена е тешко ранета

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он