Втората пратка од 25.000 вакцини веќе е во Бугарија

Од:

Втората пратка на вакцините од Фајзер и Бионтек за Бугарија пристигна со авион на аеродромот во Софија, објави БГНЕС.

Втората серија содржи 25 илјади вакцини, изјави вчера министерот за здравство, проф. Костадин Ангелов, и веднаш по пристигнувањето на пратката во Бугарија, дозите ќе бидат распределени во Софија, Пловдив, Бургас, Велико Трново и Варна.

Првата пратка од 9.750 дози, што беше доволна да се вакцинираат околу 5.000 лица, беше доставена на 26 декември.

Вакцинацијата во Бугарија е бесплатна и целосно доброволна, а амбициите на здравствените власти се да вакцинираат околу 70% од населението.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит