ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Ужасни маки на кучиња во српски стационар, си ги јадат сопствените малечки

Од:

Српската јавност е згрозена од денеска објавените снимки од стационар за кучиња кај Крагуевац, на кои се гледа како стотици животни умираат во најстрашни маки, во измет и болести, јадејќи си ги сопствени малечки.

Видеото е снимено во стационарот „Вучјак шелтер“ во селото Чумиќ во близина на Крагуевац. Според активистите од движењето Левијатан, кои го објавија видеото, преку илјада кучиња со најтешки болести на ова место, наречено „Шалтер на смртта“, „гинат во канибализам, сопствениот измет, болести, хранејќи се со сопствениот пород“.

„Ова е најкрвавата, најсуровата и најтажната приказна која сме имале можност да ја видиме“, напишаа тие на Фејсбук, објавувајќи ја вознемирувачката снимка.

Левијатан тврди дека кучињата се нечипувани и нестерилизирани, а искористени за „скапа претстава за странските донатори, жртви на безмалку пирамидален, криминален систем“. Од движењето велат дека ги известиле надлежните органи за страотните услови во „стационарот на смртта“ и дека ја очекуваат реакцијата на властите.

Би можело да ве интересира

Маж во Сплит чувал волци и кучиња во нехумани услови

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва