Вооружен маж упаднал во Српската патријаршија, барал 200.000 евра за одбрана на Косово и Црна Гора

Од:

Црногорски државјанин упаднал во зградата на Патријаршијата на Српската православна црква во центарот на Белград, во канцеларија на првиот кат, извадил пиштол и побарал од благајникот и сметководителот, кои биле во просторијата, 200.000 евра, како што објави ТВ Пинк “за одбрана на Косово и Црна Гора”.

Еден од заложниците успеал да ја повика полицијата која реагирала и успеала да го совлада и да го разоружа напаѓачот кој поседувал пиштол марка „берета 765“. Во инцидентот никој не бил повреден.

По приведувањето, полицијата утврдила дека станува збор за Бранко Л. кој бил поранешен припадник на црквата и за кого нема полициско досие.

Во консултација со обвинителството против него ќе биде покренаната постапка.

Во врска со инцидентот, Патријархот Иринеј изјави дека ниту малку не му било пријатно кога поранешниот припадник на црквата упаднал во зградата на Патријаршијата и побарал 200.000 евра, а од Кабинетот на патријархот изјавија дека ситуацијата била сериозна, дека лицето упаднало во просторијата до вратата на Патријархот и дека преговорите со напаѓачот траеле повеќе од еден час.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Медиуми: Ќе биде сослушана и мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Орце Костов

Како убијците на Данка го признале делото: Возачот зборувал на влашки, соучесникот веднаш кажал што се случило