Вооружен грабеж во продавница со Ролекс часовници во Атина

Од:

Најмалку 15 Ролекс часовници биле украдени од продавницата за скапи рачни часовници во строгиот центар на Атина во вооружениот грабеж што се случи кусо пред 11 часот утрово, јави дописничката на МИА од Атина.

Четворица маскирани лица, под закана со оружје, најпрво го удриле и совладале лицето задолжено за обезбедување на продавницата, кој е полесно повреден, а потоа со пиштолот им се заканиле на вработените, со помош на чекан ги скршиле заштитните стакла, ги одзеле скапите часовници и побегнале.

Според грчките медиуми, одзеле најмалку 15 рачни Ролекс часовници, а побегнале со два мотора.

Полицијата трага по сторителите.

Продавницата на Ролекс во Атина се наоѓа во строгиот центар на градот, а вооружениот грабеж се случи во време на зголемена раздвиженост на Грците.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Србин е уапсен во Грција, „падна“ поради грабеж на повеќе од 20 часовници „Ролекс“

Филмска грабеж во Мостар: Вооружени и маскирани разбојници го пресретнаа обезбедувањето и ги украдоа парите

Горан Наумовски

Пензионерка по трет пат ограби банка, полицијата е во шок

Грабежот во обложувалница е во Бутел – со вперено оружје го одзеле прометот

А1он

Спречен терористички напад врз Евреи во Атина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Жестоки судири меѓу полицијата и граѓаните во Атина