Вонредните парламентарни избори на Косово ќе чинат околу шест милиони евра

Од:

Претставниците за буџетот на Косово и Централната изборна комисија (ЦИК) се согласија дека ќе бидат потребни околу шест милиони евра за одржување на предвремени парламентарни избори во Косово.

– Се очекува мислењето на Уставниот суд на Косово за надлежностите на Владата по оставката на премиерот, рече советникот на министерот за финансии, Љуљзим Рафуна.

Според него, средствата се обезбедени, но не може да се пренесат во ЦИК се до мислењето на Уставниот суд.

-Средствата не се проблем…Сите решенија се суспендирани се додека не се добие мислењето на Уставниот суд за надлежностите на Владата во случај кога премиерот поднесува оставка, рече Рафуна.

Претседателката на Централната изборна комисија Валдета Дака рече дека се уште тие официјално не се обратиле до Министерството за финансии за средства за предвремени парламентарни избори и дека ќе го сторат тоа кога претседателот на Косово ќе донесе указ за датумот на изборите.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски