Вонредната состојба во Бугарија е продолжена до 15 јули

Од:

Владата на Бугарија донесе одлука да ја продолжи вонредната состојба до 15 јули поради новиот бран на заразени со новиот коронавирус, изјави бугарскиот министер за здравство, Кирил Ананиев.

Бугарија неодамна ги намали рестриктивните мерки, но минатата недела поради 606 нови случаи, што е најголем неделен пораст на позитивни случаи во земјата од почетокот на пандемијата, одлучи да ја продолжи вонредната состојба.

Утрово се евидентирани нови 130 случаи, со што вкупниот број на позитивни случаи во Бугарија е 4.114, а починати се 208 лица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит