Во Загреб уништени уште два плаката на Српскиот народен совет (СНВ) на кирилица

Од:

Во Загреб се уништени уште два џамбо кирилични плаката на претседателските кандидати на Колинда Грабар-Китаровиќ со нејзиниот слоган, на загрепскиот Житњак, и со името и слоганот од претседателската кампања на Мирослав Шкоро, во квартот Кнежија.

Плакатите со ликовите на тројцата претседателски кандидати Колинда Грабар Китаровиќ, Зоран Милановиќ и Мирослав Шкоро, и нивните слогани на кирилица ги организираше Српскиот народен совет во рамките на кампањата „Подобро да се разбереме“ и симнувањето на стигмата од српскиот јазик и кирилското писмо.

На Славонската авенија, на загрепскиот Житњак, уништен е уште еден кириличен плакат со името на претседателката Колинда Грабар-Китаровиќ и слоганот „ Претседателка. Бидејќи Хрватска знае!“, напишан на кирилица. Непознатиот сторител го додал и името на Милорад Пуповац и цртеж на вешалка, што е уште еден отворен повик на линч и закана со убиство на претседателот на СДСС и пратеник во хрватскиот Сабор, пишува хрватскиот портал Новости.

Од Сплит, пак, во саботата, на 7 декември, пристигна и фотографија на уништен кириличен плакат на кој се наоѓаше името на Мирослав Шкоро и неговиот слоган „Сега или никогаш“, Непознат сторител прво со бела боја го исфарбал целиот плакат , а потоа се оставени пораки со содржина „ Милораде, нека, нека, усташки те логор чека“, „Повампирени усташи“ и „Убиј го Србинот“ .

Слични вандалски и заканувачки пораки се испратени и од Риека.

Графитите поставени во Загреб во петокот ги осуди Томислав Жигманов, претседател на Демократскиот сојуз на Хрватите во Војводина.

„Во телефонски разговор со колегата Милорад Пуповац најостро ги осудивме најновите закани упатени кон него како политички првенец на Србите во Хрватска, и му дадов целосна поддршка и му искажав солидарност. Секогаш мораме да бидеме на страната на правдата и хуманоста, напиша Жигманов на Твитер.

Би можело да ве интересира

Лончар за коронавирусот: Не патувајте во Кина непотребно

Ана Ололовска

Стано: Транспортните врски меѓу градовите се за просперитет на луѓето

Ана Ололовска

Вучиќ на Инстаграм: Утрински разговори за српско-хрватските односи со премиерот Пленковиќ

Ана Ололовска

Воздухот во Загреб загаден – градските власти со препораки за граѓаните

Ана Ололовска

Tрамп за обновата на авио-линијата Белград-Приштина: Уште една победа

Ана Ололовска

Трифуновиќ: ПСГ не излегува на изборите, во Србија заробеноста на државата е многу полоша отколку што беше во . Македонија

Ана Ололовска