Во Трстеник укината вонредната состојба, таа и натаму е во сила во повеќе српски општини

Од:

Вонредната состојба поради поплавите на територијата на српската општија Трстеник е укината со одлука на Штабот за вонредни ситуации, кој констатирал дека животот полека се враќа во нормала и оти населението може да се врати во своите домови.

Шефот на Штабот Мирослав Алексиќ, кој е претседател на општината Трстеник им се заблагодарти на сите кои изминатите девет дена биле на терен и сториле се за реалативно брзо да се отстранат последниците од поплавите.

Вонредната состојба и натаму е во сила во Шабац и Сремска Митровица, како и во општините Обреновац, Љиг, Уб, Лајковац, Осечина, Параќин, Мионица, Свилајнац, Смедеревска Паланка, Шид, Косјериќ, Бајина Башта, Крупањ, Мали Зворник, Коцељева, Владимирци.

Европскиот комесар за регионална соработка Јоханес Хан ќе престојува денеска во Србија, каде ќе се состане со премиерот Александар Вучиќ и првиот потпретседател на Владата и шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ, а потоа ќе ги посети поплавените подрачја.

Во поладневните часови тој ќе ги посети Обреновац и Термоелектраната „Никола Тесла А“, а потоа и Шабац.

Во Брисел во средата, за помошта, која ЕУ може да и ја пружи на Србија во санирање на последиците од поплавите, со Хан разговараа Дачиќ и министерката без ресор задолжена за европски интеграции Јадранка Јоксимовиќ.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ