Во телефоните на Беливук и Миљковиќ пронајдени инструкции како се сече човечко месо

Од:

Вељко Беливук, Марко Миљковиќ и другите членови на кланот ги убивале жртвите на најсуров начин. Детални упатства за тоа како да се исечат човечко месо и коски се пронајдени во телефоните на Веља Неволја и Марко, пишуваат медиумите во Србија.

Беливук, Миљковиќ и другите членови на нивниот озлогласен клан ги убивале жртвите по примерот на мексиканските нарко-картели. Тие ги сечеле луѓето на парчиња, ги топеле во киселина и ги фрлале во Дунав, така што никој никогаш да не може да најде трага од злосторството, утврдила истрагата.

Детални видео-инструкции за тоа како да се исече човечко месо, како да се исечат коски и да се отстранат сите траги од убиен човек се пронајдени во телефоните на Беливук, Миљковиќ и други членови, пишува српски Информер.

Истрагата дошла до цврсти докази дека Беливук и неговите соучесници брутално мачеле, убивале и касапеле луѓе во викендичката во Ритопек и на други тајни локации низ Србија.

– Повеќето од тие записи и пораки од телефоните се толку морничави што воопшто не се за да се прикажат пред јавноста. Можам само да ви кажам дека сите инспектори кои имаа увид во снимките и пораките беа шокирани, а на некои дури и им се слоши, истакнува соговорникот на српски Информер.

– Куќата има три нивоа, приземје, прв кат и поткровје, што сè уште не е завршено. Во дворот има помошни објекти, но и бунар – опишува соговорникот на српски Курир како изгледа внатрешноста на објектот, кој сè уште го обезбедува полицијата.

Траги од крв, додава тој, биле пронајдени на скоро сите подови и sидови, а најмногу имало во бањата. Токму поради тоа, постои сомневање дека тие ги мачеле жртвите во други простории, а дека потоа ги сечеле на парчиња во бањата за полесно да се ослободат од телата, кои не се пронајдени до денес.

Има траги од крв на sидовите на дневната соба, во кујната, на мебелот, радијаторите, на sидовите и подовите на спалната соба, во гаражата, на влезната врата – открива соговорникот и забележува дека траги од крв биле пронајдени дури и на фрижидерот.

Парчиња мебел, рачки, па дури и керамички плочки беа испратени на ДНК анализа, вели тој.

Инаку притворот за Беливук и другите членови на злосторничката организација вчера беше продолжен за уште најмалку 30 дена.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара 221 година затвор за дилерите на Беливук

Валканите тактики на кланот на Беливук: Ги откажуваат адвокатите пред сведочењето на единствената преживеана жртва

Беливук: Уште еден член на групата ќе стане обвинет-соработник на обвинителството

Првата жртва на кланот на Беливук беше брутално убиена пред точно 4 години

Ана Ололовска

Куќа на ужасот: Прегледани 1000 морничави слики од куќата на Беливук во Ритопек

А1он

Беливук сонуваше да биде Легија вели човекот кој го уништи Земунскиот клан

Горан Наумовски