Во текот на вчерашниот ден на грчките острови пристигнале речиси 800 бегалци и мигранти

Од:

За само еден ден, вчера, на грчките острови во Егејското Море, што се наоѓаат во близина на турското крајбрежје, пристигнале 791 бегалец и мигрант според официјалните податоци од грчката влада, јави дописничката на МИА од Атина.

Најголем број од пристигнувањата се на Лезбос -244, а на островот Самос вчера биле регистрирани, 226 нови бегалци и мигранти.

Заклучно со 17 септември, според официјалните податоци, во прифатните центри за бегалци и мигранти на грчките острови сместени се вкупно 27211 лица, од кои 13181 на Лезбос, а 5425 на островот Самос.

Од почетокот на месецов до вчера, бројот на пристигнувања на островите достигнува до 5306 бгеалци и мигранти.

Според седмичниот извештај на УНХЦР-Грција, во периодот од 9 до 15 септември, на островите во Егејското Море пристигнале 1745 лица, бројка помала споредбено со една седмица претходно, но поголема од истиот период лани.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе