Во среда на Лезбос ќе бидат затворени кафулињата и рестораните

Од:

Грчките острови Лезбос, Хиос и Самос се подготвуваат за генералниот штрајк закажан за следната седмица, во среда на 22 јануари 2020 година поради ситуацијата со бегалците и мигрантите, а од Здружението на угостители на Лезбос решија активно да учествуваат, па така кафулињата, рестораните и таверните на островот ќе бидат затворени, јави дописничката на МИА од Атина.

Затворени ќе бидат и јавните служби и продавниците, а за напладне закажан е протест во главните градови на трите острови.

Под слоганот „Ги сакаме назад нашите острови, го сакаме назад нашиот живот“, во среда, на централните плоштади на Лезбос, Хиос и Самос ќе се одржат протести со поддршка на периферијата од северниот дел на Егејското море.

Следниот ден, на 23 јануари 2020, префектот и градоначалниците на островите ќе пристигнат во Атина за до надлежните министерства да достават резолуција од локалното население.

Би можело да ве интересира

Денеска средба Макрон – Мицотакис во Париз

Ана Ололовска

Аеродромите во Грција спроведоа превентивни контроли за коронависрусот

Пецас: Се надеваме дека Франција е расположена да направи чекори за ЕУ перспективата на Западен Балкан

Ана Ололовска

Писмо од Кумуцакос до ЕК со грчките позиции за заедничка политика за миграција и азил

Ана Ололовска

Грција ќе издаде 15-годишна обврзница

Ана Ололовска

Грција ги презема неопходните мерки за превенција од коронавирусот

Ана Ололовска