Во Србија забранети организирани дочеци на Новата година, кафеаните ќе затвораат во шест попладне

Од:

Кризниот штаб одлучи на 31 декември и 1 јануари рестораните и кафулињата во Србија да бидат отворени до 18 часот, а прехранбените објекти до 20 часот.

Нема да има организиран дочек на Новата година, а забранети се секакви собири и во следните денови.

По седницата на Кризниот штаб, никој од службените лица не им се обрати на новинарите, но медиумите пренесуваат дека претставници на кабинетот на премиерката Ана Брнабиќ ги пренеле заклучоците, прецизирајќи дека на 31 декември и 1 јануари, прехранбените продавници и трговските центри можат да работат до 20 часот.

По 1 јануари, угостителските објекти можат да продолжат да работат до 20 часот, им беше кажано на новинарите.

Деталите за новите мерки за Новата година ќе бидат соопштени во вторник во 15 часот, по седница на владата на Србија.

Во петокот, членот на кризниот штаб, Бранислав Тиодоровиќ, изрази уверување дека ова тело нема да донесе позитивна одлука за дозволување за организирање на новогодишната ноќ. Тој тогаш посочи дека медицинскиот дел од персоналот се уште е против ублажување на мерките.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов