Во Србија во тек консултации за премиер на новата Влада

Од:

Во Србија од вчера течат консултации во рамките на владејачката Српска напредна партија (СНС) за мандатар на новата влада, чие име според најавите треба да биде познато идната недела и дека тој ќе произлезе од редовите на оваа партија, јави дописинкот на МИА од Белград.

По вчерашната изјава на премиерката во технички мандат Ана Брнабиќ дека името на новиот мандатар ќе биде познат за 7 до 8 дена, денеска се огласи и членот на Претседателството на СНС, Горан Весиќ, кој изјави дека во таа партија во тек се консултациите за да партијата предложи мандатар за состав на Влада на Србија.

-Мило ми е што се случи она што јас и другите членови на Претседателството го заговаравме во јавноста – мандатарот да биде од редовите на СНС. Имаме најголем број пратеници и сосема природно е мандатар да биде претставник на нашата партија, така да во наредните денови ќе знаеме кој ќе биде мандатар, изјави Весиќ за ТВ Хепи и додаде дека при гласањето за претседател на Собранието можело да се види кој потенцијално би можел да го формира парламентарното мнозинство.

-По разговорот во нашата партија, не чека разговор со нашите потенцијални партнери, рече Весиќ, наведувајќи дека владата на Ана Брнабиќ завршила голема работа и дека следната треба да продолжи по тој пат.

Во врска со составот на идната српска влада, претседателот на Социјалистичката партија на Србија (СПС) Ивица Дачиќ изјави дека со претседателот на Српската напредна партија (СНС) Александар Вучиќ се уште немало разговори за кадровски решенија и поделба на ресорите во новата влада.

-Очекуваме да продолжиме со соработката со СНС, изјави Дачиќ за весникот Курир.

Тој наведе дека со СНС е постигната согласност да делат исти политички цели, дека се на власт 10 години и дека се „горди на сите добри резултати“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати