Во Србија 372 новозаразени од коронавирус во изминатиот ден

Од:

Според последните податоци, во соседна Србија регистрирани се нови 372 случаи на коронавирус во изминатите 24 часа.

Српските власти соопштија дека во изминатото деноноќие од вирусот починале седум лица, а тестирани се вкупно 9.653.

Во болниците моментно се наоѓа 4.501 лице, а на респиратори има 143 пациенти.

Од почетокот на пандемијата во земјата од коронавирус починале вкупно 558 лица, според официјалните податоци.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов