Во Србија референдум за промена на Уставот

Од:

Во Србија денеска се одржува референдум за измени на Уставот во делот што се однесува на правосудството. Уставот се менува во областа на правосудството за да се усогласи српското со европското законодавство. Референдумот почна во 7 часот.

Се менуваат уставните одредби за организација на судовите и јавните обвинителства, а имајќи предвид дека постои меѓусебна зависност меѓу овие одредби и другите одредби од Уставот, членовите кои се однесуваат на начелото на поделба на власта, надлежностите на Народно собрание, судот, како и избор и именување судии на Уставниот суд.

Промените се однесуваат и на начинот на кој се избираат судии и обвинители за да се намали влијанието на политиката во процесот бидејќи нив повеќе нема да ги избира српскиот Парламент, туку Високиот судски совет и Високиот совет на обвинители.

На референдумот треба да гласаат 6.510.233 запишани гласачи, на 106 гласачки места, од 07 до 20 часот, но и покрај тоа што за успешен референдум потребно е мнозинство од излезените гласачи потврдно да гласаат за Уставните измени, исходот на референдумското прашање е неизвесен.

Косовското собрание вчера изгласа резолуција со која се оневозможува одржувањето на референдумот на Косово.

Според српските медиуми во земјата нема голем интерес за референдумот, а и дел од опозициските партии се или против или со нејасен став овоклу прашањето.

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов