Во Србија почна со примена на Уредбата за замрзнати цени за основни намирници

Од:

Од денеска се применува уредбата на Владата на Србија со која се пропишува 60 дена да се „замрзнат“ цените на шеќерот, брашното тип 400, сончогледовото масло, свинско месо и млеко со 2,8 отсто маснотии. Цените на тие основни намирници се задржаа на износот што беше на 15 ноември, така што нема да бидат исти во сите продавници.

„Тоа значи дека максималната цена на конкретен производ од овие пет групи може да биде цената што тој конкретен трговец ја имал на 15 ноември“, изјави за порталот Н1 секретарот на Трговското здружение во Стопанската комора на Србија, Жарко Малиновиќ.

Ограничувањето на цените нема да важи за намалените и промотивните цени – доколку некој производ од таа група бил во продажба на 15 ноември, нема да важи неговата промотивна цена, туку редовната.

Регулативата предвидува и производителите да не смеат да испорачуваат производи од овие пет групи во количини помали од просекот во последните 12 месеци.

Казни се пропишани за фирмите кои се придржуваат до начинот на пресметување на маржата или не ги ограничуваат цените на петте основни намирници.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Автомобил возејќи со 100 километри на час направи хаос во Белград

А1он

Албанија, Србија и Црна Гора со нова помош од ЕУ за Ковид-19

Ана Ололовска

Фајон и Билчик изразија загриженост поради извештаите за неподготвеноста на избирачките одбори во Србија

А1он

Вучиќ се сретна со Ердоган во Анкара

А1он

(ВИДЕО) Брнабиќ: Денеска ќе биде катастрофално

Ана Ололовска

Вирусолог од Србија: Омикрон веројатно води до крај на коронавирусот

А1он