Во Србија не стивнува бројот на новозаболени – евидентирани 19.063 заразени лица

Од:

Во Србија во последните 24 часа се регистрирани 19.063 нови случаи на коронавирус и 37 починати, што преставува речиси ист рекорден број на заболени како и вчера кога беа евидентирани 19.901. Првиот петцифрен број на новозаболени е забележан на 11 јануари годинава или 13.693 лица, јави дописникот на МИА од Белград.

Во Србија според податоците на Министерството за здравство, досега од коронавирусот се заразени вкупно 1.598.910 лица, а регистрирани се 13.377 семртни случаи.

Во болниците во моментов се наоѓаат 3.206 пацинти, од кои 138 се на респиратор.

Во последните 24 часа тестирани се 37.811 лица, а досега вкупно 7.974.355.

Епидемиологот Зоран Радовановиќ за Н1 изјави дека реалната бројка на новозаболени е многу поголема од бројките што ги најавуваат надлежните, како и дека големите редици пред ковид амбуалнтите и неколкучасовното чекање на пациентите покажуваат дека здравствениот систем е во „колапс“.

-Не можеме да кажеме дека сите пациенти имаат лесна клиничка слика, има пациенти со компликации, изјави директорката на Институтот за белодробни заболувања Љиљана Тимотијевиќ.

Бројот на граѓани заразени со омикрон сојот е три до четири пати поголем од официјално евидентираниот врз основа на лабораториски анализи, а до крајот на март ќе биде заразена 70 отсто од популацијата во Србија, изјави епидемиологот Радмило Петровиќ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати