Во Србија: Маж нападна момчиња, па налета со автомобил да ги прегази

Од:

П.Ѓ. (36) од Ковин (Србија) по наредба на Основното јавно обвинителство во Смедерево е приведен поради сомнение за насилничко однесување кон малолетници.

Тој е обвинет дека со своето возило им го попречил патот на Б.Н. (16), А.Д. (15), З.С. (16) и С.С. (14) и почнал вербално да ги напаѓа и да ги навредува, а потоа со дрвен стап го удрил по грбот и го повредил А.Д. во пределот на градниот кош, при што подоцна од лекар му се констатирани повреди.

Осомничениот потоа влегол во автомобилот и насилно возел при што со голема брзина им се приближил на малолетниците, но тие успеале да се извлечат и да избегнат удар.

Од осомничениот е одземено моторно возило, а по распит на жртвите и сведоците, до Основниот суд Смедерево ќе биде поднесен обвинителен акт.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотресот ја погоди Србија

Лавров: Србија нема да ја примат во ЕУ додека не го признае Косово

Орце Костов

Во Србија просечна плата во септември 735 евра, половина од вработените зеле помалку од 560 евра

Орце Костов

Србија се пласира на ЕУРО 24

Обид за убиство при семејно насилство – маж се обидел да ја убие партнерката