Во Србија денеска е Ден на жалост поради несреќата на армиски хеликоптер во која загинаа седум луѓе меѓу кои и бебе.
Контактот преку радио врска со хеликоптер на Армијата на Србија бил загубен во петок навечер во 22 часот и 31 минута, а неколку минути подоцна исчезнал од радарите.
Градот Нови Пазар прогласи вчера тридневна жалост по повод трагично загинатите во падот на хеликоптерот кој превезувал бебе од тој град кон Белград.