Во Србија четири нови смртни случаи, вкупно заразени 2.666 лица

Од:

Во Србија во изминативе 24 часа регистрирани се четири нови смртни случаи, со што вкупниот број на починати се зголеми на 65 лица, јави дописникот на МИА од Белград.

-Четирите починати се од машкиот пол, со што од досега починатите лица 48 се од машкиот пол и 17 се жени, со просечна страрост од 64,6 години, додека вкупната смртност во однос на заразените изнесува 2,43 отсто, изјави на денешната владина прес конференција членот на кризниот штаб, лекарката Дарија Кисиќ.

Во изминатите 24 часа, зголемен е и бројот на тестирани со 1.135 лица, од кои регистрирани се 219 нови позитивни случаи на заразната болест, со што вкупно заразени во Србија има 2.666 лица.

Досега вкупно се хоспитализирани 1.726 пациенти, од кои 112 лица се тешки случаи и ставени се на респиратор, кажа Кисиќ.

Вкупниот број на тестирни лица заклучно со денес во Србија изнесува 10.760 лица.

На Белградскиот саем кој има капацитет од 3.000 кревети досега се сместени 127 лица, на Новосадски саем со 1000 кревети има 48 пациенти и спортскатa сала Чаир во Ниш со 256 кревети има 171 пациент.

-Во Србија сега кога дојдовме до максимумот на епидемијата не доаѓа во предвид ублажување на мерките, кои нема вечно да траат. Максимумот ќе трае уште две недели, па потоа ќе видиме, изјави епидемиоплогот Предраг Кон на прес конференцијата, додавјќи дека тој лично е за „целосна забрана за контакти“ и дека ја подржал опцијата на владата за заострување на мерките во борбата со коронавирусот, кои ќе важат и за време на Велингденските празници.

Во српската Влада денес потврдија дека полицискиот час ќе биде продолжен и ќе важи од петок во 17 часот до 5 часот во понеделник, наместо досега- од сабота во 13 часот до понеделник во 5 часот наутро.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов