Во Србија администрирани над милион и половина дози вакцини против коронавирус

Од:

Според последните владини податоци, досега во Србија се дадени 1.501.917 дози на вакцина против коронавирус, а втора доза на вакцина примиле 530.863 лица, јави Танјуг.

Кога станува збор за бројот на вакцинации на милион жители, Србија е на шестото место во светот – по Израел, Сејшелите, Обединетите Арапски Емирати, Велика Британија и САД.

Според бројот на вакцинации на милион жители, Србија е втора во Европа, по Велика Британија.

Кога станува збор за бројот на оние кои примиле втора доза на вакцина на милион жители, Србија е прва во Европа и четврта во светот, по Израел, Сејшелите и Обединетите Арапски Емирати.

Србија е убедливо прва во регионот според бројот на вакцини на милион жители, по што следат Унгарија, Словенија, Романија, Хрватска, Бугарија, Албанија и Црна Гора. Србија е на прво место во регионот според бројот на граѓани кои ја примиле втората доза на вакцината на милион жители.

Според вкупниот број вакцини и ревакцинации, Србија е втора во регионот, по Романија.

Би можело да ве интересира

Опозицијата повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски