Во сообраќајка во Грција загинаа седум лица, најверојатно мигранти

Од:

На автопатот „Егнатија“, во близина на грчкиот град Александополис, седум лица загинаа, а петмина се повредени откако се превртело украдено возило во кое имало 12 лица, а најверојатно станува збор за нелегални мигранти.

Од грчката полиција соопштија дека сообраќајката се случила кога возилото, кое што било украдено, излетало од патот, удрило во бетонски ѕид од патарините што се градат на автопатот и се превртело, јавува МИА.

– Според досегашните податоци од истрагата, патничкото возило, за кое беше пријавена кражба на 4 август 2020 година во полициска станица во Солун, е вмешано во криумчарење нелегални мигранти, соопштуваат од грчката полиција.

Починатите и повредените биле пренесени во болницата во Александруполи, а според грчката новинска агенција АНА-МПА, сите 12 лица се мажи, не е познат нивниот идентитет, а еден од петтемина повредени е во сериозна состојба.

Би можело да ве интересира

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Се судрија три возила, повредени се 12 лица

Повредено едно лице во сообраќајка кај кавадаречко Дреново

Горан Наумовски