Во Солун запленети 324 килограми кокаин

Од:

Грчката полиција во Солун разби меѓународна мрежа за шверц на дрога, уапси три лица и заплени 324 килограми чист кокаин што бил наменет за грчкиот „пазар“.

Од полицијата соопштуваат дека улогата на уапсените, на возраст од 35 до 37 години, била да ја преземат дрогата и понатаму да ја продаваат во Грција.

Паралелно, идентификувано е уште едно лице, кое успеало да побегне и по кое трага полицијата.

Според „Катимерини“, уапсените се двајца Албанци, од кои еден со грчки пасош и еден Хрват, немале криминално досие, додека, пак, Албанците биле активни во хотелски бизниси на островот Родос.

Весникот пишува дека дрогата веројатно пристигнала од Латинска Америка, а проценките на полицијата се дека со фактот што станува збор за чист кокаин, количината тројно ќе се зголемела по додавањето состојки, а профитот ќе достигнел до 100 милиони евра.

Во претресот направен во два автомобила и во станот во кој престојувал еден од уапсените, полицијата заплени 324 килограми чист кокаин распределен во 256 пакувања, 5.265 евра поврзани со трговијата на дрогата, пет мобилни телефони и лап топ.

Би можело да ве интересира

Претрес во Куманово, пронајдена дрога, приведено едно лице

А1он

Познатата манекенка откри дека зависноста од дрога за малку ќе ја убиела: „Беше страшно да се погледнам во огледало…“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Дете почина во градинка во Њујорк: Под душекот е пронајдена дрога

Бразилската морнарица заплени рекордни 3,6 тони кокаин

Шпанската полиција заплени 2.300 тони кокаин од „Балканскиот картел“

Претреси во струмичко: Приведени четворица дилери на хероин и кокаин

Орце Костов