Во Солун се виори најголемото грчко знаме

Од:

Најголемото грчко национално знаме изработено досега, со плоштина од 480 квадратни метри и тешко 130 килограми, од денеска се виори на пристаништето во Солун, пишува грчкиот весник „Етнос“.

Националното знаме е издигнато по повод одбележувањето на 100-годишнината од ослободувањето на градот од турското ропство.

Големото знаме со димензии 17,46 на 27,52 му е подарено на градот од грчко семејство и беше поставено со огромен кран.

Знамето е вклучено во Гинисовата книга на рекорди како државно знаме со најголема плоштина. Претходно Гинисовиот рекорд за најголемо знаме го имаше бразилското, кое беше со плоштина од 300 квадратни метри.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски