Во Солун по шест Ковид-погреби дневно, жртвите на вирусот ги закопуваат во одвоен дел на гробиштата

Од:

Заменик-градоначалникот на Солун, Јоргос Арвалис, за информативниот портал „Вориа“ вели дека во просек, во градот има по шест погреби дневно на лица кои ја загубиле битката со коронавирусот.

Порталот пишува дека бројот на смртни случаи на дневно ниво во Солун е значајно повисок во споредба со првиот бран, а на градските гробишта постои посебен дел со гробни места за оние кои починале од коронавирусот.

-Секојдневно имаме во просек по шест погреби на луѓе кои починале од Ковид. Најмногу имавме осум, а најмалку четири. Побројни се во споредба со март, кога ја одредивме областа и ги отворивме првите 50 гробни места. Во тој период имавме малку починати и не беа секој ден, вели Јоргос Арвалис заменик- градоначалникот на Солун надлежен за деловно планирање, дигитално управување и миграциска политика.

Арвалис додава дека до минатиот четврток биле исполнети околу 50 гробни места, а денеска се веќе 83.

Би можело да ве интересира

Овци во Грција бараа свежа трева по поплавите и изедоа 100 килограми канабис

(ВИДЕО) Во Грција: Жена падна во морето додека се качуваше на брод, луѓе веднаш скокнаа по неа

Горан Наумовски

Девојка од Србија пронајдена мртва на Крит

Брачен пар од Австрија дојде во Грција на меден месец и загина во поплавите

Горан Наумовски

Убиство во Солун: Полицаец ги однесе децата на училиште, па ја уби поранешната сопруга

Нуркачи во Грција бараат жртви: Поплавата однесе и десетици автомобили