Во Софија протест против враќањето на хартиеното гласачко ливче во Бугарија

Од:

Протест против измените на Изборниот законик пред Народното собрание вечерва одржуваат „Демократска Бугарија“ и „Продолжуваме со промената“, јавува дописникот на МИА од Софија.

Пред демонстрантите се обрати поранешниот бугарски премиер Кирил Петков која порача дека борбата внатре во Народното собрание нема да биде иста доколку надвор нема демонстранти и додаде дека пратениците од зад кулисите најмногу се плашат од демонстрантите на плоштадот пред парламентот.

Тој оцени дека со враќањето на хартиеното гласачко ливче се зголемува можноста да се украде гласот на бугарските гласачи, со прогласување на неважечки.

„Продолжуваме со промената“ и Демократска Бугарија ќе се борат вечерва до кога и да треба, за да не се дозволи да се краде гласот на бугарските гласачи и да не се крадат даноците на народот. Секоја мала победа што се добива е победа за демократскиот развој на Бугарија, додаде Петков. Тој изјави дека денеска постигнале неколку победи, но остануваат уште неколку параграфи за кои ќе расправаат пратениците.

Двете партии со заеднички сили успеаја да ја вратат меморијата на камерите, кои ако не снимаат цело време, барем за време на броењето, ја блокираа идејата на Движењето за права и слободи за шалтерите кои во последен момент ги ставија, а потоа ги повлекоа. Петков рече дека за ова имаат голем придонес луѓето кои стојат на дожд и во мрак и им се заблагодари затоа што тоа на луѓето одвнатре им покажува дека не можат целосно безобѕирно да ги изменат работите.

Би можело да ве интересира

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит

Почнува мешањето во претседателските избори: „Пендаровски и објави војна на Бугарија“, на амбасадорката врачен протест

Александар Тодески

Бугарија нема да испраќа војници во Украина

Земјотрес во Бугарија