Во Софија протест на родители против задолжителното носење на маски во училиште

Од:

Родители на училишни деца денеска протестираа пред бугарското Министерство за образование и наука во Софија со барање да се укине задолжителното носење маски во училиште, а се противат и на ставање во изолација на деца со симптоми.

Според родителите, сите тие мерки се страсни за децата.

Еден од организаторите на протестот и претставник на здружението „Обединети родители“, Милко Бојанков изјави дека доколку не се слушнат нивните барања, тие ќе создадат родителски групи, кои ќе бидат околу училиштата и нема да дозволат децата да бидат ставени во изолација и ќе го контролираат целиот процес.

Утре во Софија, во 18 часот, ќе има уште еден протест пред Министерството за образование и наука во Софија, со барање носењето маски наместо задолжително да биде доброволно.

Би можело да ве интересира

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит

Почнува мешањето во претседателските избори: „Пендаровски и објави војна на Бугарија“, на амбасадорката врачен протест

Александар Тодески

Бугарија нема да испраќа војници во Украина

Земјотрес во Бугарија