Словенија ја забранува работата на продавниците во неделите и државни празници

Од:

Националното собрание на Словенија донесе закон со кој се забранува работата на продавниците во недела и државни празници.

За измените и дополнувањата на Законот за трговија со кој се регулира оваа забрана гласаа 72 од 88 пратеници.

Продавниците со продажен простор до 200 метри квадратни на бензински пумпи, гранични премини, пристаништа, аеродроми, железнички и автобуски станици и болници се изземени од забраната.

Исто така, во недела и на државни празници, ќе можат да работат и помали продавници со површина до 200 квадратни метри само ако во тие денови клиентите ги опслужуваат сопствениците или нивните претставници, но и ученици и пензионери.

Стопанската комора на Словенија се спротивставува на забраната, тврдејќи дека затворањето на продавниците во недела би довело до отпуштања на вработени, а најавија и можна проценка на уставноста на законското решение.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он