Во Словенија потврдени 39 новозаразени со коронавирусот

Од:

Во Словенија се потврдени 39 новозаразени со коронавирусот, што е за шест помалку од вчера, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Бројот на тестирани лица последниве 24 часа е 1.288. Од сите заразени само 119 лица се хоспитализирани, а на одделите за интензивна нега се лекуваат 31 пациент.

Според податоците на словенечката Влада, уште две лица починале како последица на Ковид-19.

Тоа што ги загрижува сите е порастот на заразени во домовите за стари лица. Државната секретарка во Министерството за труд Матеја Рибич, изјави дека во овие домови заразени се вкупно 137 стари лица и 30 здравствени работници. Досега заразата е потврдена во вкупно осум пензионерски домови.

Портпаролот на владата, Јелко Кацин, објави дека и двајца затвореника од затворот Доб се позитивни на коронавирусот.

– Се додека имаме нови случаи на лица заразени со коронавирусот ќе бидеме неуспешни во справувањето со заразата – изјави Кацин.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он