Во Словенија потврдени 33 новозаразени со коронавирусот

Од:

Во Словенија се потврдени 33 нови случаи на лица заразени со коронавирусот, што претставува намалување во однос на вчерашниот ден, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Со последните, вкупниот број инфицирани лица во земјата сега изнесува 1.124.

На болничко лекување поради Ковид-19 се наоѓаат 108 пациенти, а од нив 34 се на одделите за интензивна нега.

Во изминатите 24 часа оздравени и отпуштени од болница се осум лица.

Бројот на починати поради коронавирусот се зголеми за три. Досега во Словенија се регистрирани вкупно 43 смртни случаи како последица од вирусот. Најголем дел од починатите се лица постари од 65 години кои имале дополнителни болести.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он